Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Препораки усвоени од страна на Владата на Р. Македонија од Акциониот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови при Министерството за здравство на РМ

Почитувани,

        Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Националниот совет за безбедност и здравје при работа, редовно ја следи состојбата со временските услови и    најавената опасност од топлотните бранови предизвикани од високите температури, кои во наредниот период ќе бидат присутни во Р. Македонија.

         Поради тоа апелираме до сите субјекти во Р. Македонија доследно и во целост да го почитуваат Законот за безбедност и здравје при работа како и препораките за заштита на работниците при работа во услови на  топлотен бран.

         Во продолжение Ви се дадени препораките усвоени од страна на Владата на Р. Македонија од Акциониот план за заштита на здравјето на населението од топлотни бранови при Министерството за здравство на РМ.:

 

ДА ГО ЗАШТИТИМЕ ЗДРАВЈЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО УСЛОВИ НА ТОПЛОТЕН БРАН!

Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, Сл Вес.на РМ бр 92  /07 работодавецот е должен да  обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат  животот и здравјето на работниците.

Со проценка на ризик се утврдуваат  работни места  на кои работникот може  да биде изложен на високи температури и/или топлинско зрачење  односно неповолни микроклиматски услови и се утврдуваат мерки кои работодавецот треба да ги превземе за намалување на ризикот на најмала можна мерка.

Доктор специјалист по медицина на труд

треба да ги има во предвид работните места со ризик од изложеност на високи температури

        Работни места на отворен простор:

       градежни работници, земјоделци, градинари,работници во сообраќај.

       работници кои изведуваат теренска работа, продавачи на отворени пазари,

       пожарникари, полицајци, војници и др.;

        Работни места во затворен простор:

        сите работни места кои не се климатизирани и каде што има експозиција на

        високи температури и топлинско зрачење;

       Сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на   

       топлински стрес.  Топлински стрес  се дефинира како физичка и физиолошка реакција на  

       работникот на  температурата  на која е изложен на неговото работно место.

      Работодавецот не може да влијае на надворешните фактори како што се соларно зрачење,  

       температура и влажност на воздухот, али може со соодветна примена на правилата на заштита   

      на работа, во голема мерка  да го избегне или намали ризикот од топлинскиот стрес.

      

  • Потребни се координирани, заеднички активности на ниво на претпријатието

со кое докторот има склучено договор согласно Законот за безбедност и

здравје при работа (Сл. весник на РМ бр. 92/07).

 

  • Во услови на топлотни бранови, доктор специјалист по медицина на трудот, покрај

редовните превентивни медицински прегледи, може да спроведе и вонредни прегледи

на вулнерабилни групи работници: работници со понапредната возраст, работници со зголемена телесна тежина,бремени работнички, хронично болни ( кардиоваскуларни , метаболни,респираторни, бубрежни, хепатални, гастроинтестинални и ЦНС заболувањадр.)

 

  • Индивидуални совети, препораки и  едукативен пристап е неопходен, како и консултации со матичниот лекар во врска со препорачаната терапија и евентуален предлог за боледување.

 

  • Заедничката акција се остварува преку соработка на специјалистот по

                медицина на трудот, работодавецот и работниците;

 

 

1.Препораки до работодавецот

 

  • Проверка на техничко- технолошки колективни мерки за заштита

               (адекватна вентилација и по можност климатизација).

 

  • Контролирање на микроклиматските параметри;

 

  • Обезбедување на минимум една климатизирана просторија со

                функција на „засолниште” (каде вработените можат да се разладуваат

               извесен период во текот на работата);

 

  • Промени во организацијата на работниот процес ( работа во смени, ротација на работниците и сл.)

 

  • Избегнување на работа на отворено во за време на најтоплиот

                период на денот ( 11-17 часот) или нејзино редуцирање.

 

  • Редуцирање на   тешка физичка работа; Почести паузи во текот на

работата, разладување навработените со обезбедување на

климатизирани простори и доволно разладенитечностиза пиење;

 

  • Смалување на интензитетот на работата и нормите во производството.

 

  • Избегнување на прекувремената работа. Прекин на работата при

                потреба;

 

  • Поттикнување на самопријавувањето на симптомите кај вработените;

 

  • Обезбедување на адекватни лични заштитни средства;

 

  •  Внимателност со вулнерабилните вработени (постари работници,

                хронични болни, лица со прекумерна телесна тежина, бремени жени

                и др.) и нивно прераспределување (оние што не се во добра физичка

                кондиција да бидат преместени на полесни работни места);

 

  • Запознавање на работниците со  ризикот на работното место од високи

температури, можните штетни ефекти по здравјетокако и со мерките за

работа на безбеден начин.

 

  •  Запознавање на вработените со процесот на аклиматизација или

                адаптирање на организмот на високи температури кој делумно се

                постигнува за 7 дена, а комплетно за 20 дена( што треба да се има предвид при  

                вклучување на неаклиматизиран работник во работниот процес );

 

  •  Предупредување на вработените за зголемената опасност од несреќи

                при работа (пожари). Посебно внимание и надзор при работа со

                хемиски материи заради поголема опасност од интоксикација;

 

 

2. Препораки до вработените

 

  • Правилен режим на исхрана со доволно минерали, белковини, витамини;

-повеќе овошје, зеленчук, без многу масти.

Лесен оброк пред работа, дополнителен оброк во текот на работата, а

најобилен и енергетски најсилен оброкпо завршената работа

 

  • Пиење течности , 2 л вода минимум дневно, при  услови на големи горештини

        се препорачува земање 1 чаша вода на 20 мин. интервали,

        да не се користат напитоци со алкохол и кофеин (заради опасност

        од дехидратација);при засилено потење и интензивна физичка активност

        да се пие минерална вода ( со јаглендвеоксид и електролити) поради можен губиток не  

        само на течности туку и на електролити

 

  • Земање лекови само во консултација со својот доктор

 

  • Соодветен режим на одмор со кратки паузи во текот на работата;

 

  • Доволно спиење дома;

 

  • Намалување на интензитетот на физичките активности, туширање и

                разладување.

     

  • На работа на отворено, во услови на изложеност на сончеви зраци да се користат креми за сончање со заштитен фактор (30 и повеќе)

 

Користење на лични заштитни средства

 

  • Работната облека од лесна порозна ткаенина (од природни влакна,

               светла боја, памук, лен), а при работа на отворен простор - очила и

               капи и шешири со доволно голем обод за заштита на глава. Отстранување на

               облека која го смалува потењето. Менување на  облеката при значајно потење.

 

 Прва помош на работното место

 

  • Препознавање на симптоми за топлотно исцрпување или топлотен

               удар (исцрпеност, слабост, замор, главоболки, несвестица, бледило,

               вртоглавица, повраќање, вознемиреност, конфузија, колапс, конвулзии,

               шок)

 

  •  Самопријавување на симптомите, грижа за колегите (будност за

                појава на симптоми)

 

  •  Оние кои што имаат симптоми не смее да се дозволи да одат дома

                додека не се стабилизираат (најголемиот бројна смртни случаи од

                топлотен удар се случуваат на пат за дома)

 

  • Согласно законска регулатива, неопходна е едукација на одредени работници

за пружање прва помош.

Работник кој има здравствени тешкотии порадиизложеност на висока температура, веднаштреба да се тргне во „засолниште“-климатизиранаили разладена просторија,или доколку нема друга можност- под сенка. Потребно е работникот да се разладисо отстранување на вишокоблека, лесно полевање или прскање со водасобна температура), разладување (ако има)со вентилатор,ставање влажниоблоги

на глава ( чело, околу врат).

Доколку работникоте свесен,треба се стави во легната положба на грб, со кревање нозе на повисоко и давање што повеќе течности да пие.

Доколку не е при свеста, работникот се врти во бочна положба и веднаш се бара итна медицинска помош со повик 194, која ќе обезбеди професионална медицинска помош и по потреба транспорт во соодветна медицинска установа.

 

 

S.O.S. БЕСПЛАТЕН БРОЈ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАШТИТА ОД

ТОПЛОТНИ БРАНОВИ: 02 / 32 21 902 (10-18h, секој работен ден)

 

                                                                                  

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.