Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСДЕТЕЛОТ НА ССМ 4.5.2017

4.5.2017

Почитувани претставници на средствата за информирање,

Дозволете во името на вистината и благовремената информација, да Ве информирам дека на денешната прес- конференција одржана по однос на Одлуката на Врховен суд, во однос на дејствијата кои се презентирани и одлуките кои се презентирани, истите се преземени и врз основа на кривични дела за кои претходно беше поведена постапка и која е во тек пред Обвинителството, а е поврзана со фалсификување на исправа и фалсификување на печати.

Воедно сакам да информирам дека ССМ веднаш по добиените сознанија, презентирани од адвокати и адвокатски канцеларии, кои сами себеси се претставиле како наводни претставници на ССМ, и во услови кога нема никакви промени во Централниот Регистар и легитимен претседател на ССМ, е претседателот Живко Митревски и во услови кога и оригиналните печати се во легитимен посед во ССМ и кај претседателот на ССМ, веднаш до надлежното ОЈО, до Републичкиот судски совет, до Врховниот суд и други надлежни институции, презедовме повеќе правни дејствија, со цел да се утврдат фактите и сите одлуки и дејствија преземени од наводниот и самонаречен застапник на ССМ, да се утврдат дали воопшто се легитимни и дали како е пријавено во дополнувањето на кривичната пријава, тие дејствија и одлуки се базираат на нелегитимни документи, нелегитимни полномоштва и употреба на фалсификувани печати кои некој ги употребил надвор од законот, претставувајќи се лажно како ополномоштен претставник на ССМ, доставувајќи жалба до Врховен суд со која се бара замислете ни помалку ни повеќе од ССМ бришење од Централниот регистар на претседателот на ССМ. Со ова дополнително се направени дополнителни кривични дела за кои сторителите дополнително се пријавени со проширување на кривичните пријави и со поднесување на мерки за обезбедување и притвор поради повеќекратното повторување на кривичните дела.

Напоменуваме дека точно поради фалсификуваните документи и фалсификувањето на печати и претходните постапки беа запрени и се предмет на работа на Обвинителството кое сѐ уште трае.

Бараме, како впрочем што бараат и сите во оваа држава, да се утврди ваквата вистина, да се утврди легитимитетот и доколку се утврдат кривичните дела, сторителите да бидат казнети, како и соучесниците, вклучително и самонаречените овластени претставници и застапници на ССМ, за што никогаш ниту добиле полномоштво да водат постапки, ниту пак тие документи се со оригинални печати.

Сојузот на синдикатите на Македонија, и јас лично како легитимен претставник, сметаме дека институционално треба да ги решат сите овие упади и водење на постапки со фалсификувани исправи, кои се надвор од законот, надвор од Статутот, надвор од меѓународната конвенција на трудот бр. 87 за слобода на синдикално организирање, а по утврдувањето на вината сторителите да бидат казнети.

Сакам да напоменам, дека и не случајно целокупната документација е сѐ уште во Јавното обвинителство, кое по наредба до Централен Регистар, а Централен регистар врз основа на овие сознанија, не дозволи менување на легитимно избраниот претседател на ССМ, д-р Живко Митревски.

Со почит,

 

Сојуз на синдикатите на Македонија

претседател

д-р Живко Митревски

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.