Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Претседател на ССМ

 

Претседател на ССМ е Слободан Трендафилов.

Претседателот на ССМ го претставува и застапува ССМ. Истовремено е претседател на Претседателството и Советот.

Претседателот раководи со седниците на Претседателството.

Задачи и надлежности на  претседателот:

  • ги координира активностите и е одговорен за утврдување, усогласување  и  спроведување на политиката и ставовите од заеднички интерес со синдикатите;
  • ги спроведува  одлуките, заклучоците и ставовите на органите на ССМ;
  • предлага мерки и решенија, контактира и договара преговори  со претставниците на државните органи и работодавачите;
  • ги потпишува актите на органите на ССМ;
  • ги потпишува Општите колективни договори;
  • по барање на синдикатите-членки учествува во работата на органите и телата на синдикатите;
  • пред органите на синдикатите-членки покренува иницијативи за прашања од интерес за ССМ;
  • ја следи и спроведува  утврдената политика и донесените акти на органите и телата на ССМ;
  • дава предлози за избор, именување и разрешување;
  • врши именување и разрешување во ССМ, согласно актите на ССМ;
  • извршува и други задачи во согласност со Програмата и Статутот.
Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.