Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ, ДИМОВСКИ ГИ ИСПОРАЧА ДЕЛ ОД БАРАЊАТА ДО ВЛАДАТА

Денес во ССМ ја инициравме оваа средба со нашиот социјален партнер- Владата на РСМ со една цел:

Зачувување на работните места и враќање на отпуштените работници, наши колеги

Затоа, во договор со Владата БАРАМЕ

директна парична помош на работниците и компаниите во најзагрозените и најпогодените сектори, преку конкретни мерки базирани од терен- за надминување на предизвиците со кои ние работниците се соочуваме во овој период на пандемија од Ковид 19.

Бараме измена и дополнување на ЗРО во најскоро време и тоа

Договорите за вработување на определено време да не бидат подолги од 1 година и во една компанија, да може само 20% од вработените да се со Договор на определено време! (Зошто овие работни места - кои ги изгубивме и ги губиме - се по тој основ - со договори на определено време кои можат да траат и до 5 години!?)

12 месечно породилно отсуство! (Градинките работат согласно превентивните анти- Ковид мерки, а со безбедносните протоколи е и намален бројот на места за нашите деца, а исто така да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ!)

Сабота и Недела да бидат неработни денови, т.е. да бидат денови за неделен одмор

Промени во Законот со кој ќе разграничиме и дефинираме

Што е спречување на работниот процес поради Виша сила, а што прекин на работниот процес од деловни причини

Воведување на повеќе услови за пензионирање кои ги бараме од нашиот социјален партнер- Владата, а го поздравуваме и пристапот на ветеното дека истото ќе биде имплеметирано во најскор можен рок и тоа

Старосна пензија - по работен стаж

• 35 години работен стаж - жена - без оглед на годините на возраст

• 40 години работен стаж - маж - без оглед на годините на возраст

Старосна пензија - по возраст или работен стаж - по дејности

Предвремена старосна пензија по возраст

Бараме да се воведе право на работниците на предвремена старосна пензија која би се остварувала по условот возраст од 57 години за жени, 59 години за мажи, со минимум работен стаж од 15 години.

Корисници на предвремена старосна пензија можат да бидат работници кои работат но, неможат да продолжат да работат од одредени причини (здравствени причини, поради стечај или ликвидација) или се невработени, а го исполнуваат условот - минимум 15 години работен стаж. Овој вид на пензија би се остварувала исклучиво по вoлја и барање на работникот.

Неполна старосна пензија по возраст

• да се овозможи на работниците сами да го платат придонесот за пензиско и инвалидско осигурување (докуп на стаж) доколку го немаат исполнето условот минимум 15 години работен стаж, до 5 години пред исполнување на условот за пензионирање

Воведување на бенефициран стаж за градежните работници како и во други дејности каде што работните задачи се одвиваат во особено тешки услови за работа кои штетно се однесуваат на животот и здравјето на работниците

Ова се добар дел од барањата на ССМ за што ќе се разговара на денешната средба на највисоко ниво, а воедно сум и оптимист дека ќе се договориме, бидејќи барањата се реални и издржани и само така ќе можеме да помогнеме на работниците да не ги изгубат работните места, но и на работодавачите, да не ги затворат нивните фирми - во кои ние работиме и кои ни се извор за егзистенција

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.