Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Претседателот на ССМ, Димовски на средба со Премиерот Заев

Социјалниот дијалог е на високо ниво!

На средбата беше разговарано за активностите на ССМ со посебен фокус на прашања кои се отвораат и кои е потребно да се регулираат во новиот Закон за работни односи за време на здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, како и интервентни измени во постоечкиот Закон како одговор на сегашните предизвици на пазарот на трудот.

Учесниците на средбата, го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како единствена движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и подобрување на квалитетот на сите граѓани.

Беше констатирано дека постои волја за унапредување на социјалниот дијалог, за кој е заклучено дека изминатиот период е издигнат на високо ниво, со цел да се придонесе за унапредување и заштита на работничките права и обезбедување поголема социјална сигурност во кризните услови предизвикани од КОВИД-19, а особено што по предлог на ССМ беа усвоени мерки кои беа во насока на заштита и зачувување на работните места.

Претставниците на ССМ на средбата ги презентираа и барањата на работниците кои во изминатиот период произлегоа од нивните предлози и пријави кои беа доставувани до ССМ се со цел да се изнајде решение на истите во најскоро време.

Продолжуваме да бидеме гласот на работниците!

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.