Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Претседателство на ССМ

Членови на Претседателството се:

м-р Дарко Димовски, Претседател на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ  (СУТКОЗ)

Пецо Грујовски, Претседател на Синдикат на работниците од управата, правосудните  органи и здруженија на граѓани на  РМ (УПОЗ)

Пеце Ристески, Претседател на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР)

Живко Даневски, Претседател на Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат)

Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП)

Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ

Љупчо Радовски, претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)

м-р Роберт Симоноски, претседател на Самостојниот синдикат на работниците од електростопанството на Македонија

Методија Димески, претседател на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)

Зоран Мироновски, претседател на Синдикатот на хемија, неметали и метали на РМ (СХНМ)

Ацо Антовски, претседател на Македонскиот полициски синдикат (МПС)

Јордан Сандев, претседател на Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ)

Милован Арсовски, секретарот на Синдикатот на графичката, информативната, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на РМ (ГИФИХ)

м-р Гоце Селовски, претседател на Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ)

Весна Мицевска, претседател на Синдикатот на работниците од трговијата на РМ (СРТ)

Ристо Ајтов, претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ)

Драге Јовановски, претседател на Мултиетнички синдикат на образование(МЕСО)

Претседателството го сочинуваат претседателот на ССМ, секретарот на Советот на ССМ и претседателите на синдикатите.

Задачи и надлежности  на Претседателството се:

  • ги презема сите потребни активности за реализација на Програмата и Статутот на ССМ;
  • донесува ставови и одлуки за кое е надлежно и подготвува предлог-одлуки и други документи за кои е надлежен Советот;
  • ја координира активноста на ССМ и синдикатите на сите нивоа кога се работи за заеднички задачи;
  • Претседателство го информира Советот за својата работа;
  • до Советот дава предлози за кандидат за претседател на ССМ,  секретар на Советот и потпретседатели;
  • предлага дневен ред на Советот;
  • до Советот предлага измени и дополнувања на  Статутот на ССМ;
  • ја организира правната заштита на ниво на ССМ;
  • редовно ги следи економските, социјалните и други прашања за положбата на членството и сите работници и презема конкретни активности; 
  • ги разгледува иницијативите на синдикатите и по своја проценка ги внесува во процедура;
  • го утврдува текстот и дава согласност за потпишување на општите колективни договори;
  • донесува одлука за внатрешно организирање на ССМ;
  • обезбедува и реализира соработка на ССМ со домашни и други меѓународни синдикални организации и асоцијации и невладиниот сектор за остварување на заеднички цели и задачи;
  • организира оспособување и образование на синдикални претставници;
  • врши именување, дава согласност за именување и избор и врши разрешување;
  • врши именување и разрешување на управителите на трговски друштва, задруги, штедилници, банки, и др.;
  • го организира финансиското работење во ССМ, се грижи за синдикалниот имот;
  • ја организира  работата на Стручната служба во ССМ;
  • ја организира информативната дејност на ССМ;
  • му поднесува предлози на Собранието на РМ и на други државни органи, како и на организациите на работодавачите во РМ како социјални партнери за закони и други акти кои се однесуваат на материјално-социјалната положба на работниците; 
  • донесува правилници и акти; 
  • формира комисии и тела по одредени прашања; 
  • врши  и други работи што ќе му ги довери  Советот на ССМ.
Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.