Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРЕДЛОГ МЕРКИ ОД ОРМ

3.3.2017

На ден 3.3.32017 година, како дел од активностите во рамките на Проектот: „Унапредување на социјалниот дијалог“ финансиран од ЕУ, спроведуван од МОТ и социјалните партнери во РМ, од страна на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) беа презентирани предлог политиките за унапредување на бизнис климата во РМ, насочени кон овозможување на правна средина, владеење на правото, развој на претприемачката култура, поттикнување на лојалната конкуренција и пристапот до финансиските услуги.

Овие предлог политики за унапредување на бизнис климата беа предложени од страна на претседателот на ОРМ Ангел Димитров, а се резултат на анализите и анкетите кои се спроведувани во бизнис секторот. Покрај презентацијата на претседателот на ОРМ, овие предлог мерки беа презентирани од претставници на правни субјекти и експерти по овие прашања.

На настанот присуствуваа претставници на социјалните партнери, претседатели на синдикатите, претставници од министерства, бизнис заедницата и други организации.

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, кој присуствуваше на настанот, укажа на значењето на натамошното градење на социјалниот дијалог и на сите оние мерки кои значат унапредување на социјалниот дијалог, но истовремено и значат обезбедување на темелни можности за остварување на правата на работниците поттикнати од ваквите мерки.

Во делот на предлог политиките за овозможување на правна средина и за владеењето на правото, од страна на претседателот Митревски беше потенцирано значењето на формирањето на правната регулатива, преку партиципативното учество на синдикатите и работодавачите и овозможување на можности за поголема автономија социјалните партнери да го регулираат социјалниот дијалог преку колективното преговарање.

Истовремено претседателот Митревски го најави и јавното презентирање при сличен состав и на Протоколот за социјален напредок, кој исто така ќе биде презентиран во ЕУ Инфо центарот.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.