Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА СИНДИКАТОТ ДО МЛАДИТЕ ЛУЃЕ

21.5.2018

Слика 1. претседателот на СМССМ, Ирена Ивановска и заменик претседателот на СГИП, Иван Пешевски

Како дел од Програмата за работа на Секцијата на млади при ССМ (СМССМ) и започнување со реформите во синдикалното движење во насока на привлекување на младите во синдикатите и подобрување на имиџот на ССМ, денес претседателот на Секцијата на млади на ССМ, м-р Ирена Ивановска, заедно со претставници на Секцијата на млади (Иван Пешевски, заменик- претседател на СГИП и Слободан Трендафилов) одржаа предавање за работата и функционирањето на Сојузот на синдикатите на Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Слика 2. предавње пред студентите на Правниот факултет

Студентите од третата година на Правниот факултет беа запознаени со активностите на Сојузот на синдикатите на Македонија согласно Програмата за работа на ССМ и здружените синдикати, а посебен акцент беше ставен на функционирањето на Секцијата на млади на ССМ и унапредувањето на работничките права на младите луѓе. Во таа насока, претседателот на СМССМ, Ирена Ивановска потенцираше дека се планирани предавања и во дел од средните училишта и останати образовни институции во државата со цел приближување на синдикатот до младите луѓе.

Професорот по трудово право, Фуад Јонузи, истакна дека ваквите предавања од страна на претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија треба да станат континуирана активност во рамките на наставната програма по предметот трудово право со цел младите студенти подобро да се запознаат со функционирањето на синдикатот и со своите работнички права.  

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.