Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Прирачници, книги едиции...

Фундаментални конвенции на меѓународната организација на трудот

Родова еднаквост и пристојна работа

Безбедност и здравје при работа

ssm_priracnik_zastia_bezbednost_rabota

Како област постојано присутна во законската легислатива, но недоволно застапена во јавноста, безбедноста и зачувувањето на здравјето во работните средини е една од основните преокупации на Сојузот на синдикатите на Македонија. Плод на интересот е и прирачникот, кој го подготви Секторот за образование на ССМ. Претседателот на секторот, Инда Савиќ,  тесно соработуваше со Македонското здружение за заштита при работа, посебно со Милан Петковски и Снежана Јанковска Петковска, двајцата инженери по заштита при работа, така што прирачникот во основа е нивен заеднички труд.

Прирачникот е излезен од печат во ноември 2008 година и е издание на ССМ, со помош на Фондацијата “Фридрих Еберт“ – Канцеларија во Скопје.

Безбедноста на работните места е многу комплексна, чувствителна, сложена и мултидисциплинарна материја. Затоа претставниците за безбедност и здравје треба да се солидно подготвени, се вели во предговорот.

Во услови на висока невработеност ниту вработените, ниту работодавачите необрнуваат доволно внимание за безбедните и здрави услови за работа. Луѓето се задоволни доколку имаат работа, работодавачите доколку имаат профит. Така содржината на прирачникот е конципирана според реалните услови во работните средини во земјата.

Во првиот дел се дадени основните начела за безбедноста и здравјето, односно поимите на несреќите и повредите, професионалните болести и превентивните мерки.

Понатаму е објаснета целосната законска регулатива, односно новиот Закон за безбедност и здравје.

Третиот дел се однесува на проценката на ризичноста на работните места, од механички, хемиски, биолошки и други опасности.

Улогата на ССМ во заштитата е објаснета во четвртиот дел, додека во петтиот се наведени нормативите, од директивите на Европската унија, конвенциите на Меѓународната организација на трудот и правилниците кои произлегуваат од Законот за безбедност и здравје.

 

Правата на вработените жени и млади во Македонија

ssm_priracnik_prava_vraboteni_zeni_mladi_mk

ssm_priracnik_prava_vraboteni_zeni_mladi_al

Прирачникот е издание на Сојузот на синдикатите на Македонија, подготвен во соработка на Фондацијата “Фридрих Еберт“ – Канцеларија во Скопје.

Редакцијата е на Слободан Радевски, претседател на Регионалниот синдикален совет во Куманово и Гордица Бошковска, претседател на Секцијата на жени при ССМ.

Наменет е за вработените жени и млади, односно за проблемите со кои се соочуваат овие две бројни категории од населението. На 65 страници се опфатени неколку проблемски целини, преку куси прашања и исто така конкретни одговори. Тоа се оние прашања кои најчесто се поставуваат во работните средини, како “Може ли бремена работничка да бара полесна работа?“, “Дали работничка која дои дете има право на платена пауза?“ и слични прашања.

Во првата целина се објаснети предностите од членувањето во Синдикатот, секако со објаснување на структурата на организацијата на ССМ.

Законите и правата се тема на втората целина, каде се дадени основните законски права што се однесуваат на жените и на младите. Со јасни објаснувања се обработени прашањата за минималната возраст на вработувањето, потоа за бременоста како основа за дискриминација на вработувањето, за правото на боледување и на породилно отсуство, за приправничкиот и волонтерскиот стаж, должината на работното време, паузите за време на работа и други конкретни ситуации.

Третата целина е посветена на законите што се однесуваат за заштитата на правата на жените и младите.

Мобингот, појавата која до пред неколку години не беше третирана во македонската јавност, најде место во четвртиот дел на прирачникот. Исто така со прашања и одговори се објаснети главните проблеми на оваа појава: дефниција,  конкретни ситуации, одразот врз здравјето на жените и на младите, законската заштита.

Прирачникот е исто така целосно издаден на албански јазик.

 

Историја на синдикалното движење во Македонија

Книгата е свечено претставена на 25 декември 2008 година, на прославата на стогодишнината на синдикалното движење во Македонија. Јубилејот одбележува значаен дел од историјата на македонскиот народ и оттаму Сојузот на синдикатите на Македонија вложи доста време, труд и средства да ја овозможи подготовката и издавањето на книгата “Историја на синдикалното движење во Македонија“.

Тоа е дело кое треба да се најде во домот на секое македонско семејство. На 232 страници, богато илустрирана со архивски фотографии, претставена е богатата слободарска традиција и чувството за социјална правда на македонскиот народ. Иако во 20. век се променети повеќе режими и власти, се водени војни и погроми, сепак синдикалното движење останувало една од нишките во менталитетот на овдешниот човек.

Книгата е всушност скусена верзија на постариот десеттомeн труд на група еминентни македонски историчари: доктор Орде Ивановски, доктор Миле Тодоровски, доктор Лазар Лазаров, доктор Борислав Петковски, доктор Јован Јанев и доктор Марјан Димитриевски. Доктор Орде Ивановски е редактор на книгата, додека уредник е Инда Савиќ, раководител на Секторот за едукација на ССМ.

Тематски е поделена на десет дела. Првиот ги обработува општествените услови за време на Отоманската империја, формирањето на работничката класа во Македонија и синдикалното движење пред и после Младотурската револуција. Вториот дел е посветен на меѓувоениот период, третиот на условите непосредно пред Втората светска војна, четвртиот на учеството на работниците во Втората светска војна. Петтиот дел се однесува на периодот 1945 – 1950 година, шестиот на Синдикатот во самоуправниот систем, додека во седмиот дел се пренесени конгресите на Сојузот на синдикатите на Југославија. Осмиот, деветтиот и десеттиот дел се однесуваат на конгресите на самоуправувачите, средбите на самоуправувачите и средбите на клубовите на самоуправувачите.

 

Права од работен однос на жените и младите во Република Македонија

Права од работен однос на жените и младите во Република Македонија

 

Обука на тренери и на советници за антимобинг

Обука на тренери и на советници за антимобинг

Прирачник за синдикални претставници

Прирачник за синдикални претставници

 

Компоративна анализа на легислативата против мобинг

Компоративна анализа на легислативата против мобинг

 

Пензиски реформи во земјите од западен балкан од европска перспектива

penziski_reformi_mkpenziski_reformi_en

 

Синдикатите во XXI век

sindikatite_vo_21_vek

 

Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството

OKD_mk OKD_en

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.