Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОДОЛЖУВА ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА НА ССМ ЗА ПОМОШ НА НАСТРАДАНИТЕ

Денес, во Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и членовите на Извршниот Одбор на претседателството на ССМ и Кризниот Штаб за помош на настраданите од елементарната непогода остварија работна средба со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија, д-р Саит Саити, на која претседателот на ССМ, д-р Митревски ги презентираше досегашните активности на ССМ за помош на настраданите лица од елементарната непогода, како и планот на ССМ за продолжување на хуманитарната акција со донирање на дополнителни средства во Солидарниот фонд на Црвениот Крст на РМ.

По средбата, претседателот Митревски, заедно со генералниот секретар на Црвениот Крст на Македонија и членовите на Извршниот Одбор на претседателството на ССМ и Кризниот Штаб одржаа прес конференција на која беше потенцирана дополнителната помош на ССМ со финансиски средства за поплавените семејства од невремето во скопскиот и тетовскиот регион, како и продолжувањето на хуманитарната акција за помош на поплавените лица.

ССМ апелираше институциите, претпријатијата и останатите синдикати да се вклучат во оваа акција со цел да се овозможи дополнителен прилив на средства за настраданите. 

Претседателот на ССМ информираше дека апел за помош за вклучување во хуманитарната акција има испратено до ЕКС, ИТУЦ и РСС Солидарност, и е договорена соодветна помош.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.