Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОДОЛЖУВА КОНСТИТУИРАЊЕТО НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ НА ЛОКАЛНО НИВО -ОСНОВАНИ ЛЕСС ВО СТРУГА И КИЧЕВО-

 

Слика 1. Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС во Струга

 

Во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, со реализација на Меѓународната Организација на трудот (МОТ), на 28.6.2016 година, во Струга и Кичево беше потпишана Спогодба за формирање на ЛЕСС од страна на социјалните партнери и општините Струга и Кичево.

Потписници на спогодбата се градоначалникот на Општина Струга, г. Зијадин Села, градоначалникот на Кичево, г. Фатмир Деари, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски.

 

Слика 2. Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС во Кичево

Спогодбата претставува основа за институционален развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, како и помеѓу јавниот и приватниот сектор, особено меѓу системот за образование и за поддршка при вработување од една страна и работодавачите од друга страна; воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем; вклучување на младите во регионалниот дијалог преку нивно учество во ЛЕСС; размена на мислења и информации; покренување на заеднички иницијативи; учество во креирање на законски решенија кои влијаат на материјална и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионерите, младите, жените и др.; развивање на колективното договарање, преговарање и склучување на ниво на претпријатијата и установите; следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето и усогласување на образовниот процес со потребите на пазарот на труд и сл.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.