Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОДОЛЖУВААТ ОБУКИТЕ И ЕДУКАЦИЈАТА НА СИНДИКАТИТЕ ВО ССМ

17-18.9.2016

Слика 1. Присутни на обуката

Во рамките на едукативниот концепт на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Македонија (СРСВМ) на 17 и 18.9.2016 година се реализираа обуки на тема „Улогата на синдикатот и синдикалните претставници во унапредување и зајакнување на синдикалното делување и решавање на работните спорови“во синдикалните организации при ЈСП Скопје и при Железници Инфраструктура.

Слика 2. Отворање на обуката

Обуките беа отворени од страна на претседателот на СРСВМ, Методија Димески, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на СО ЈСП, Николче Зиков кои укажаа на значењето и потребата на едукативниот концепт кој го реализира ССМ и здружените синдикати како и потребата за унапредување на капацитетите на синдикалното членство во текот на секојдневното делување.

Посебно беше потенцирана потребата од активниот принцип на синдикалното организирање и делување во делот на заштитата на правата од работен однос и континуираното спроведување на законските одредби и одредбите од колективните договори.

Обуката по наведените теми со соодветни вежби беше реализирана од страна на доц. д-р Лазар Јовевски од правниот факултет во Скопје.

Слика 3. Доделување Благодарница на претседателот на ССМ

На обуката од страна на синдикатот на СРСВМ на претседателот на ССМ, д-р Митревски му беше доделено и посебно признание- Благодарница поради неговиот придонес за развој на синдикалното организирање и активниот придонес во унапредување и развој на синдикатот на СРСВМ.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.