Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ НА ССМ ЗА ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА СИНДИКАТОТ ДО МЛАДИТЕ

На 14.5.2019 година, Сојузот на синдикатите на Македонија, го посетија група студенти од трета година од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, предводени од страна на професорот по трудово право, Фуад Јонузи.

Оваа посета е продолжување на соработката помеѓу Секцијата на млади на ССМ и Универзитетот на Југоисточна Европа која започна минатата година, а е во насока на запознавање на студентите со активностите на ССМ и Секцијата на млади, согласно Програмата за работа на ССМ и гранските синдикати. 

Претседателот на СМССМ, Ирена Ивановска ги запозна студентите со активностите на ССМ и СМССМ, истакнувајќи ја улогата и значењето на синдикатот како заштитник на работничките права и потребата од синдикалното организирање, особено кај младите луѓе, со цел унапредување на истите.

Професорот по трудово право, Фуад Јонузи, го изрази своето задоволство од ваквите средби и ја потенцираше важноста на раната едукација на младите луѓе за своите работнички права.

Слика 1. Посета на ССМ од страна на студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.