Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

ПРВА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО-СИЦИЈАЛЕНИОТ СОВЕТ

Денеска во Министерство за труд и социјална политика се одржа првата седница на ЕСС по формирањето на новата Влада.

На седницата присуствуваа Јагода Шахпаска, Министер за труд и социјална политика, Фатмир Битиќи - заменик на премиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Дарко Димовски, Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Даневски, Претседател на

Агро Синдикат, Љупчо Радовски, Претседател на СТКЧ, Пецо Грујовски, Претседател на Синдикат на УПОЗ , Златко Цветковски, Секреатар на Советот на ССМ и Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодавачи на Македонија - ОРМ заедно со членовите на ЕСС од ОРМ.

Претседателот на ССМ, Димовски истакна дека намерата на работниците не е да ги затворат компаниите и да ги изгубат работните места, туку напротив, да ги зачуваат и да придонесат во нив, а трудот да им биде реално платен согласно закон и колективен договор, а со тоа и реалната исплата на платите, и додатоците на истите може да се придонесе за дополнително полнење на буџетот на Државата со оглед на тоа што за истите се плаќаат и придонеси од задолжително социјално осигурување.

Апелираше да се донесе новиот Закон за работните односи што побрзо, но укажа дека тоа е материја кон која многу сериозно мора да се пристапи или да се извршат брзи измени со кој ќе се регулираат дел од спорните моменти предизвикани од КОВИД-19.

Министерката Шахпаска истакна дека како Министерство остануваат отворени за соработка со сите партнери и дека целта на Министерството е преку заеднички контакти и преговарања да се изнаоѓаат решенија за проблемите на работниците и работодавачите, а решенијата постигнати преку Социјалниот дијалог да бидат применливи и прифатливи за сите страни во социјалниот дијалог.

Апелираше на поинтензивни и почести средби и состаноци на ЕСС каде што ќе се креираат политиките за работничките стандарди.

Вицепремиерот Битиќи, истакна дека дијалогот со сите чинители за развој на Државата се клучни за новата Влада, и дека исклучително важно е да има отворена и редовна комуникацика како во ЕСС така и во платформата за јавен приватен дијалог, па еден ден во месецот за кој однапред ќе се договорат Социјалните партнери да биде предвиден за состаноци на највисоко ниво.

Претседателот на ОРМ, Димитров истакна дека проблемите предизвикани од КОВИД - 19 постојат и ќе бидат присутни уште подолг период, дека некои сектори ќе имаат потешки моменти во следните месеци, а препорача да се видат слабостите на досегашните мерки и да се отстранат при подготовка на идните мерки.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.