Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Првомајска победа на ССМ! СТОП ЗА МОЖНОСТА ЗА ОТПУШТАЊЕ НА РАБОТНИЦИ! ГИ ВРАЌАМЕ НАЗАД ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТА!

Првомајска победа на ССМ!!!

СТОП ЗА МОЖНОСТА ЗА ОТПУШТАЊЕ НА РАБОТНИЦИ!!!

ГИ ВРАЌАМЕ НАЗАД ОТПУШТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА КРИЗАТА!!!

По реакцијата на ССМ за овозможувањето на работодавачите со Државни пари да си поигруваат со судбините на работниците и нивните семејства и дека тоа мора веднаш да запре, Владата, донесе Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година и со промените се гарантираат работни места во услови на криза предизвикана од коронавирус и се обезбедува заштита на работничките права, достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос на работниците.

Истовремено по предлог на ССМ и синдикатите на денешната седница на Владата, се донесе дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба со која се овозможува ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување, со што ќе се намалат последиците од настанатите состојби во овој период.
Работодавачите кои ќе се согласат на ретроактивно вработување на лицата на кои им престанал работниот однос во периодот од 11 март до 30 април, тоа ќе можат да го направат до 7 мај, и на тој начин да ги исполнат критериумите за да се стекнат со правото на користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај, велат од Владата.

Социјалниот дијалог што го води ССМ со Владата, и аргументираните барања даваат резултати.

За прв пат, по долго време, улиците се празни, и не маршираме, но секогаш се бориме за правата на работниците.

Во солидарност!!!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.