Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работен состанок со МОТ

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот на ССМ, Дарко Димовски одржа работен состанок со Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот во Скопје, Емил Крстановски. На состанокот присуствуваа и Проектниот координатор, Наташа Мечкароска Симјаноска и претседателот на АГРО и член на Комисијата за ОКД, Живко Даневски.

На состанокот се дискутираше моменталната состојба во однос на трудово правната легислатива, процесот на подготовка на новиот Закон за работни односи, учеството на социјалните партнери во креирање на истиот, потребата од ратификација на Конвенцијата на МОТ, 190 за Спречување насилство и вознемирување во светот на работата, како и улогата на синдикатите во целокупниот процес.

Она што беше потенцирано од страна на Националниот координатор на МОТ, Емил Крстановски беше поддршката на МОТ во имплементација на активностите на ССМ во насока на заштита и унапредување на работничките права, како и достапност и расположливост на капацитетите на МОТ при креирање на сите законски решенија.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.