Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТИЛНИЦА НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ НА ССМ

РАБОТИЛНИЦА НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ НА ССМ

 

 

29-31 мај 2018

 

Како дел од активностите на Секцијата на млади на ССМ, (СМССМ) во периодот од 29-31 мај 2018 година, во Охрид, во организација со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје, Секцијата на млади на ССМ одржа работилница на која присуствуваа членовите на Извршниот одбор на СМССМ од гранските синдикати здружени во ССМ.

На работилницата присуствуваа и директорката на Фондацијата Фридрих Еберт Скопје, Ева Елерајт, координаторот на ФЕС, Милан Живковиќ, Ивана Вучкова од ФЕС, претседателот на ССМ, Дарко Димовски, професорот од Правен факултет, Драган Гоцевски и Владо Караев, тим билдинг експерт.

Работилницата ја отвори претседателката на Секцијата на млади на ССМ, Ирена Ивановска, а на истата се обрати и Директорката на ФЕС Скопје, Ева Елерајт која ја истакна важноста од вклучување на младите во синдикалните политики, промовирање и унапредување на работничките права на младите луѓе, за што се заблагодари на претседателот на ССМ, Димовски за поддршката која ССМ ја дава на Секцијата на млади во насока на нивно афирмирање и заложба за креирање на младинските политики во рамките на ССМ. Во таа насока, претседателот на ССМ, Димовски ја повтори потребата од реформи во синдикалното движење и проактивно вклучување на младите во целокупниот процес.

На самата работилница, членовите на Извршниот Одбор на Секцијата на млади на ССМ ги ревидираа постојните документи на СМССМ, Деловникот за работа и Програмата на Секцијата, а истите ги усвоија на седницата на ИО одржана по завршување на работилницата.

Фотогалерија од работилницата на СМССМ

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2018 | Сите права се задржани.