Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТИЛНИЦА ЗА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Сојузот на синдикатите на Македонија во соработка со  МТСП  на 17.06.2019 година организираше работилница во врска со новините на  Законот за спречување и заштита од дискриминација . Законот е објавен во службен весник бр. 101 од мај оваа година ( 2019)и истиот е резултат на широка расправа на социјалните партнери ,граѓанската и стручната јавност.

ССМ учествуваше  во активностите за измена на Законот за спречување и заштита од дискриминација со свои предлози и забелешки .

Целта беше да се донесе закон со кој ќе се отстранат сите недоследности на предходниот за што поефикасна примена и постигнување на резултати во областа на еднаквоста и недискриминацијата .

Организираната работилница овозможи присутните членови на синдикатите  да се стекнат  со  сознанија за Законот за спречување и заштита од дискриминација , за да се подигне нивото на превентивно делување во оваа област ,  поради тоа што  само обучено членство може да ги препознае облиците на дискриминација и да преземе активности за спречување и заштита .

На работилницата присуствуваа и секретари и координатори на регионалните синдикални претставништва и канцеларии , како и  синдикални претставници и правни застапници од синдикатите и ССМ кои   стекнатите сознанија  за Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе можат дирекно да ги применат во обезбедувањето на бесплатната правна заштита за права од работен однос која се реализира во ССМ.

Темата за еднаквост и недискриминација ќе биде континуирано дел од  нареднте  активности на Сојузот на синдикатите на Македонија ,се во правец на унапредување на социјалниот дијалог и колективното договарање , подобрување на работното законодавство и подигнување на сопствените капацитети и јавната свест за препознавање на сите облици на дискриминација и стекнување на сознанија за начинот и постапката за заштита од оваа негативна појава .

Слика 1.

Слика 2.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.