Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНА ПОСЕТА ВО ЗК ПЕЛАГОНИЈА

20.6.2017

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на ден 20.6.2017 година, одржа работна посета и состанок во АД ЗК Пелагонија, Битола. На состанокот со генералниот директор, Цветан Панделески и извршниот директор, Томе Давков беше разговарано за активностите на овој најзначаен земјоделски комбинат, посебно во контекст на активностите за жетвата која претстои, како и за останатите деловни потфати.

Исто така, на средбата со претставници од вработените беше разговарано околу активностите поврзани со синдикалното организирање, активностите во делот на актите кои заеднички се подготвуваат и за процесите на колективното преговарање.  

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.