Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА СТРУГА, РАМИЗ МЕРКО

20.12.2017

Слика 1. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски со градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски оствари работна средба со градоначалникот на општина Струга, г-динот Рамиз Мерко.

На работната средба беше разговарано за моменталната состојба со правата на работниците во јавните компании во општина Струга, унапредување на нивните работнички права, како за односите помеѓу работниците и синдикалните лидери.

Во таа насока, претседателот Димовски ја истакна важноста за вклучување на младите работници во синдикалните редови и во лидерските позиции кои со своите идеи, ентузијазам и енергија ќе придонесат за зголемување на бројот на синдикалното членство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.