Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНА СРЕДБА СО КОЛСКА ВЕЛЕС

1.2.2017

Слика 1. Претседателот Митревски на работната средба со претставници на Колска Велес

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на Советот на ССМ, воедно и претседател на СРСВМ, Методија Димески остварија работна средба со претставници на синдикатот и вработените на фабриката за шински возила, ДООЕЛ Колска Велес.

На работната средба од страна на претседателот на синдикалната организација на Колска Велес, Слободан Димитриевски, раководството на ССМ беше информирано за состојбите во претпријатието, особено за состојбите за неисплатените плати, проблемите со користењето на здравственото осигурување и решавањето на статусот на ова претпријатие во кои се вработени 126 работници и кое впрочем е единствено претпријатие со ваква дејност во рамките на РМ.

По запознавањето со состојбите во претпријатието, договорени се да се реализираат повеќе средби во Министерството за транспорт и врски и Владата на РМ, со цел да се изнајдат решенија за решавањето посебно на статусот на претпријатието и обезбедување на социјално- материјална сигурност на претпријатието се до решавањето на генералниот статус на Колска Велес.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.