Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РАБОТНИ ПОСЕТИ НА ССМ ПО РЕГИОНИ

28.6.2017

Слика 1. Посета на регионот Гевгелија

Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на Советот на ССМ, Методија Димески во рамките на работната програма за посета на синдикални организации по региони и синдикални канцеларии, на ден 28.6.2017 година во присуство и на претседателот на СО на ЈСП Скопје, Никола Зиков, извршија посета на синдикални организации во Гевгелија.

Покрај посетата во просториите на регионалното синдикално претставништво во Гевгелија, а во контекст на спроведување и на програмата за БЗР и справување со топлотниот бран, како и во контекст на кампањата за организирање и мобилизирање на ново членство, беа извршени посети на синдикални организации, а централана средба имаше со претставниците на СРСВМ од МЖ Инфраструктура, Јово Камберов, Проев Ангеле и Иванов Панче.

Слика 2. Работна посета на претседателот Митревски

На средбата раководството на ССМ беше запознаено со активностите на синдикалната организација и преземањето на мерките во врска со справувањето на топлотниот бран, како и активностите околу организирањето и мобилизирањето на ново членство.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.