Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Работодавачите целосно да ја исполнат обврската која ја презеле, да исплатат К-15

Исплатата на регресот за годишен одмор е уредена со Колективните договори, а Колективните договори според Уставот на Државата имаат еднаква правна важност како и законите.

Важењето на Колективните договорни неможе да се суспендира од страна на Државни органи.

ССМ како единствен репрезентативен сидникати во Државата очекува работодавачите да ја исполнат оваа обврска така како што е утврдена во Колективните договори.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Организацијата на работодавачите, со потпишување на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор.

Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите– ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која ја презеле.

Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот​ за годишен одмор се исплатува во ​ висина ​ од најмалку ​ 40% од основицата,​ под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Републиката исплатена во последните три месеци.

Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач ​ може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција од ССМ до​Државниот инспекторат за труд, или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права.

Потсетуваме дека за неодговорните​ работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор ​ или бараат од работниците​ да ги​ вратат исплатените средства по овој основ,​Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.