Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РЕАКЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ М-Р ДАРКО ДИМОВСКИ ИСПРАТЕНА ДО ЕТУЦ

Почитуван г-дин Лука Висентини,

 

Ви се обраќам Вам и сакам да Ве информирам од името на Сојузот на Синдикати на Македонија дека промените кои се случија во Сојузот на Синдикати на Македонија се направени согласно Статутот на ССМ на демократските начин и за вршител на должност е избран м-р Дарко Димовски кој доаѓа како претседател на еден од најголемите и најброните синдикати во македонија.

До толку е домократска промената што мора да Ве информираме дека Сојузот на Синдикати работи во полн состав, без ниту еден приговор и замерка за настанатата смена, со што потврдува и фактот на  учество во работата на органите и телата на сите Синдикати членки во него освен Живко Митревски кој нема капацитет и несака да разбере дека повеќе не е претседател на ССМ.

Живко Митревски не е повеќе претседател на ССМ, тој заминува од Синдикалната сцена и ќе биде запамтен како човек кој што беше полтрон на власта,и човек кој што дозволи да се урнат работничките права до најниско можно ниво,човек кој што секаде  сам го преставуваше синдикатот и се со една цел уривање на работничките права и остварување само на лична матријална и финансиска корист за него.

Тој истиот користеќи ја близината со власта употребуваше секакви репресивни мерки кон нас синдикатите кои не се согласувавме со неговата  работа и со употреба на сила ,обезбедување ,директни закани по животот и безбедноста на нас и нашите најблиски ,самиот тој Живко донесе  во еден ден одлука да  бидеме буквално истерани и исфрлени од нашите Синдикални канцеларии ,замислете 4 гранкови Синдикати исклучува од ССМ кои обезбедуваат речиси 50% од членството од Сојузот на Синдикати на Македонија и ги исфрла  на улица со се луѓе и ствари ,се со цел да остане на претседателското место. 

Ве информираме дека:

Нашата цел ,определба и заложба на сите Синдикати членки на ССМ  е организирање за краток период на Вонреден Конгрес на кој на транспарентен и демократски начин ќе биде избран новиот Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија  кој ќе го преставува членството и работи за подобрување на работничките права и враќање на изгубената доверба во Синдикатот .

Мора да Ви напомнам дека лицето Живко Митревски во јавноста дава изјави дека Вие лично  и организацијата која ја преставувате сте стоеле и ќе се залагате да се врати на претседателската функција,како и тоа дека Вие сте лобирале по секретарите и претседателите на Синдикалните федерации низ европа бидејќи бил близок со вас и ред други информации за кои сметаме дека се само лага и ништо повеќе.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.