Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РЕАКЦИЈА НА ССМ ПО ОДНОС НА ИЗЈАВАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД ЗА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

ССМ остро реагира на последната изјава на Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска објавена во медиумите, за одложување на донесување на законските одредби за уредување на правото недела да биде неработен ден за сите вработени,
за јануари 2022 година.

ССМ како социјален партнер и претставник на работниците не е консултиран за ваквото одложување, односно сметаме дека за ова важно прашање од работно-правната област, не смее да се одлучува еднострано, надвор од Економско – социјалниот совет и без социјален дијалог, а укажуваме дека во таков случај и одговорноста ќе биде еднострана.

Потсетуваме дека на последната седница на Економско-социјалниот совет, одржана на 15.02.2021 година, сите социјални партнери се согласија дека треба да се постигне консензуз, а не процесот да се враќа назад.

Очекуваме преговорите за допрецизирање на одредбите, во насока на уредување на правото за недела да биде неработен ден за сите вработени да продолжат и истите да завршат во најкус можен рок, имајќи предвид тоа дека донесувањето на Законот веќе еднаш е одложено и тоа за примената од јуни 2021 година, а во последиот текст за септември 2021 година и тоа без предходна согласност со социјалните партнери.

А воедно ја потсетуваме Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска да не се става над законот поради тоа што минималната плата согласно Законот за минимална плата, мора да се усогласи во месец март, а не како што е пренесено во медиумите од нејзината изјава, дека и ова усогласување на минималната плата ќе се одложи за наредната година односно за 2022 година.

Работниците и граѓаните очекуваат од социјалните партнери да испорачаат резултати од преговарањето во насока на унапредување на работничките права, а не континуирано да се одлага решавањето на нивните проблеми.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.