Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РЕАКЦИЈА НА ССМ ПО ОДНОС НА ИЗЈАВИТЕ ОД ТЕКСТИЛНИОТ КЛАСТЕР

Сојузот на синдикатите на Македонија, нај остро се спротиставува и реагира на Изјавите на Претседателката на Кластерот за текстил, Маријана Перковска.

Укажуваме дека работните односи се регулираат по пат на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери, согласно уставот и Законите, а веќе две години течат преговори помеѓу социјалните партнери за унапредување на работното законодавство со што ќе се доближиме до европските вредности во делот на правата на работниците.

Предлозите кои се изнесуваат од Кластерот, се надвор од Европските тенденции за унапредување работничките права, а ССМ со години наназад укажува дека  работниците од текстилниот сектор се во нај не завидна положба.

Во таа насока беше и предлогот на ССМ за измени на Законот за минималната плата во смисла на еднакво важење на Минималната плата и за овие работници која од декември 2019 година ќе изнесува 14.500 денари и ќе важи за сите работници.

Барањето за зголемување на 8 часовното работно време би значело губење на основното право за кое работниците се избориле во 1886 година кога биле организирани и првите  штрајкови со цел воведување на 8-часовен работен ден, а работодавачите од Кластерот сакаат  да не вратат назад,  наместо да бараат укинување на празниците,  потребно е согласно Законите и Колективните договори да ја плаќаат прекувремената работа и работата во празник и ден на неделен одмор, права кои веќе се уредени согласно основните принципи на МОТ.

Работодавачите од Кластерот за текстил како да заборавиле дека според официјалните податоци од Државата се отселиле околу 500.000 работоспособни луѓе, па со ваквите предлози уште повеќе ја влошуваат состојбата  во делот на почитување на работничките права, задржување на младите и враќање на работниците кои веќе се заминати од Државата.

Преседан е работодавачите да најавуваат штрајк против своите работници кои се најниско платени во државата и чии права најчесто се прекршувани од страна на овие работодавачи од Кластерот за текстил и тоа го нема никаде на светот.

Работодавачите од Кластерот за текстил треба да размислуваат за зголемување на продуктивноста на трудот преку вложување во современи техники за производство, здрави и безбедни услови за работа, зголемување на платата и подобрување на работничките права.

ССМ предлага  работното време да не може да биде подолго од 38 часа неделно , наместо сегашните 40 поради поради тоа што  работникот ќе биде попродуктивен ќе има повеќе време за семејството , одмор и професионално надградување и дообразување, а предлагаме сабота и недела да бидат денови на неделен одмор како и да се почитуваат деновите утврдени како празници во Државата.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.