Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

РЕАКЦИЈА НА ССМ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ СО ЗГРИЖУВАЊЕТО НА НИВНИТЕ ДЕЦА

До ССМ се обратија група на мајки, работнички, кои по завршувањето на породилното отсуство користеле право на боледување за​ нега на дете до 3 години и овие боледувања иако се во период на вонредна состојба и здравствена криза во државата не се опфатени со Уредбата за право на отсуство од работа за грижа на дете до 10 години.

Се работи за мајки кои се вработени и не можат да работат бидејќи градинките се затворени, како и мајки кои после породолното отсуство се вратени на работа и се соочуваат со проблеми бидејќи децата не можат да бидат згрижени па истите се одјавени од работа, а меѓу кои има и самохрани мајки

Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека е потребно​ да се прецизираат Уредбите и да се опфатат сите случаи за целосно згрижување на децата до 10 години со обезбедување на право на платено отсуство на еден од родителите, се додека трае здравствената криза и не работат градинките, училиштата и други установи за грижа и воспистување на деца.

ССМ за овој проблем се обрати и до Владата и МТСП и очекуваме како и досега, овој проблем да го надминеме по пат на социјален дијалог со прифаќање на нашето укажување и преземање на неопходните мерки и постапки од страна на надлежните институции во најкус можен рок, за да се испадне во пресрет на оваа категорија на работници (мајки, родители...).

Синдикалното организирање на работниците е потребно токму за невремено​ реагирање​ и надминување на проблемите со кои се соочуваат истите, па поради тоа упатуваме апел во иднина на зголемено синдикално организирање за да можеме заеднички да придонесеме во решавањето на сите проблеми со кои се соочуваме како работници.

Посебна грижа како ССМ, во наредниот период ќе посветиме на ранливата категорија на населението, жените, долгорочно невработените, лицата со попреченост и сл.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.