Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

САМОСТОЈНИОТ СИНДИКАТ ЗА ЗДРАВСТВО, ФАРМАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ПРОТЕСТ СО ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, денеска излезе на протест заедно со здравствените работници од ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „ Св. Наум Охридски - Скопје.

На протестот заедно со здравствените работници и членовите на ССЗФСЗ, присуствуваа и Претседателот на  Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, д-р Љубиша Каранфиловски, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „ Св. Наум Охридски - Скопје, прим. д-р Иван Спировски.

Слика 1. Претседателот на  Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, д-р Љубиша Каранфиловски, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „ Св. Наум Охридски - Скопје, прим. д-р Иван Спировски.

На протестот  беа осудени нападите на докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравствените установи и беше побарано од надлежните институции, поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во

Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а предходно напади имаше и во Болниците во Тетово и во Кавадарци.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.