Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ НА ССМ ПОЛНОПРАВНА ЧЛЕНКА НА НАЦИОНАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА (НМСМ)

12.5.2019

На 12.5.2019 година, по низа консултациски процеси, Секцијата на млади на ССМ стана полноправна членка на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија, кое обединува преку 50 младински организации, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во државата.

Слика 1. Претседателот на СМССМ, Ирена Ивановска на презентирање на СМССМ на Генералното собрание на НМСМ

Со овој чекор, СМССМ станува релевантен фактор во креирањето на младинските политики на национално ниво, доближувајќи ги активностите на СМССМ до сите младински организации во земјата. Соработката и вмрежувањето со организации кои опфаќаат младински политики и спроведување на истите е една од активностите на СМССМ во насока на приближување на синдикатот до младите луѓе во Република Северна Македонија, како и разбирање на неопходноста од синдикалното организирање кај младите луѓе.

Слика 2. Новите членки на НМСМ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.