Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СГИП и ССМ им го честитаат 20ти Јуни на сите градежни работници во државата

По повод 20ти Јуни, Денот на градежните работници, се одржи седница на Советот на СГИП на која покрај членовите на Советот присуствуваа и станатите членови од органите и телата на СГИП. Исто така, традиционално се одржа и средба со пензионерите, поранешните активисти на СГИП, кои дале голем придонес во развојот на синдикалното движење во изминатите години во нашата држава.

Во знак на почит кон поранешните синдикални активисти и првиот штрајк на градежните работници во Република Македонија, 20ти Јуни 1936 година, се положи свежо цвеќе пред спомен одбележјето кај Градската болница во Скопје.

Ова е поттик, но воедно и гордост, за сите наши работници и членови на синдикатот да ја продолжат својата активност во остварувањата на правата на работниците.

Слика 1: Членови на СГИП од органите и телата

Слика 2: Положување цвеќе пред спомен одбележјето кај Градска болница, Скопје

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.