Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СГИП СО СВОИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ НА BWI

Од 13-14 Декември оваа година во Адана, Турција се одржа Европскиот комитет на Меѓународната организација за градежништво и дрвна индустрија BWI. На овој настан покрај претставници за Европскиот комитет се одржа и Европскиот женски комитет. Претседателот на СГИП, Павел Трендафилов и Секретарот на СГИП, Благуна Стојкоска заедно со Главниот синдикален претставник на СО ГД Гранит Ад Скопје, Ивана Димитрова присуствуваа на Европскиот комитет и Женскиот комитет на BWI.

Ивана Димитрова од СГИП заедно со Генералниот Секретар на BWI - Амбет Јусон

Од страна на сите претставници на Комитетот, Ивана Димитрова како претставник на СГИП, е избрана за Член на Женскиот регионален комитет и воедно е избрана за Потпретседател на Европскиот женски комитет за мандат 2019-2020. Со ова СГИП докажува дека и понатаму работи на подобрување на работничките права како на национално ниво така и на меѓународно ниво. СГИП се надева дека и во иднина, младите луѓе ќе ја превземат одговорноста и ќе работат за подобри права од работен однос.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.