Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СИНДИКАЛНА МИНИМАЛНА КОШНИЦА

На 24 февруари 2011 година Сојузот на синдикатите на Македонија ја претстави својата Синдикалната минимална кошница.

Според ставовите на ССМ Синдикалната минимална кошница е пореален модел на пресметување на трошоците на живот. Во изработката на кошницата се поаѓа од вредноста на потрошувачката кошница што ја изработува Државниот завод за статистика. Меѓутоа, исхраната и пијалоците не се единствениот трошок за нормално функционирање на едно семејство.

Типот на претпоставеното домаќинство е четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил.

Синдикалната минимална кошница вклучува седум групи:

исхрана и пијалоци

домување

хигиена

превоз

облека и обувки

култура

одржување и здравје.

Првата група трошоци е преземена од Државниот завод за статистика, затоа што оние 63 производи, иако не ги изразуваат целосните потреби за исхрана, ги изразуваат можностите, навиките и традицијата во исхраната. Таа вредност во ССМ не се зема како просечна, туку како минимална вредност.

Домувањето има две подгрупи: комунални трошоци, со пет елементи, и покуќнина, опрема за куќа и одржување, што ќе се следи преку 13 добра.

Хигиената има две подгрупи – личната хигиена со седум производи и хигиената на домот, исто со седум производи. Овие ставки се искажани по минимум количини по најниски цени.

За превозот се вклучени минимални изразени трошоци, односно два месечни билети за превоз, работнички и ученички или студентски.

Облеката и обувките вклучуваат набавка на по едно парче облека и обувки за секој член на семејството по сезони.

Во пресметката за култура се вклучени трошоците на три производи, и тоа еднаш месечно одење во кино и редовно купување на еден неделен и еден дневен весник.

Одржувањето и здравјето вклучува основни трошоци за лекарства, без лекарствата за хроничните болести.

Не се вклучени трошоците за рекреација, образование, хотели и ресторани, семејни прослави, не затоа што не се потребни, туку затоа што во кошницата се пресметуваат само неопходните трошоци

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.