Апелираме до сите политички субјекти да се охрабрат и да излезат во пресрет на работниците, да ги исполнат ветувањата кои ги имаа дадено на барањата на работниците, вклучително и обезбедување на финансиска поддршка за исплата на платите, која е воведена на барање на ССМ, а со тоа се покажа дека се зачуваа работните места на нашите колешки и колеги, особено во најпогодените сектори како што тоа е во угостителството, туризмот, текстилот, градежништвото и други дејности.
Потребно е и во наредниот период, сите да придонесеме и здружени со иста цел, да ги зачуваме работните места и да се обезбеди плата за најпогодените работници во оваа здравствена криза.
Македонските работници, со секое одолговлекување можат да трпат сериозни штети и последици по нивната егзистенција и егзистенцијата на нивните семејства.
Повеќе можете да прочитате на: