Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО РАСТОТ НА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ДА РАСТЕ И МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

И кога започнавме да ја пресметуваме синдикалната минимална кошничка и денес, податоците го покажуваат истото, а тоа е дека просечната плата во Македонија покрива околу 70% од синдикалната минимална кошничка.

Ако се земе во предвид дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33 650 од кои само за храна и пијалоци треба да се издвојат најмалку 14 000 денари, произлегува дека работник кој работи за минимална плата заработува само за леб и за вода, а доколку 2 работници од едно семејство работат за минимална плата им недостасуваат 3782 денари до висината на кошничката за да си ги овозможат само неопходните работи за преживување, а не и за нормален живот.

Наша заложба е минималната плата да порасне на 60% од просечната плата што е всушност и европска тенденција и во сите европски држави тоа е случај.

Како ССМ, системското решение веќе сме го обезбедиле преку колективните договори со утврдување на вредноста на трудот преку коефициенти, но нажалост во изминатиот период во оние компании кои не се синдикално организирани ова не се применуваше и најголем број на работодавачи кои исплаќаат плата во висина на минималната плата, не исплаќаат додатоци и надоместоци на плата, туку истите ги пресметуваат во висина на минималната плата на работниците, што не е законски.

Mора сите заедно да работиме на заздравување на економијата, а во наредниот период потребна е поголема реализација на капиталните инвестиции, како и вложување на сериозни напори за отварање на нови работни места и стимулирање на работодавачите кои ќе го прават тоа, се со една цел да не дозволиме нашите македонски работници заради чувството дека не им се вреднува трудот и заради непочитување на нивните работнички права, наместо да ја градат и развиваат македонската економија во следниот пост ковид период, да придонесуваат за развој на западно-европските држави.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.