Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СО ЗАЛОЖБА НА ССМ ИСПЛАТЕНА ПЛАТАТА ВО ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ

Низ Социјален дијалог помеѓу Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски, Генералниот Директор на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев и Владата, исплатена е платата, а истовремено се обезбедени финансиски средства и за исплата на платата за наредните месеци.

Сојузот на синдикатите на Македонија се вклучи во надминувањето на проблемите со нередовната исплата на платите во ЈП Национални шуми на барање на работниците поради никаквиот ангажман и негрижата  од страна на Претседателот на СШДЕ – синдикатот каде што членуваат.

На почетокот на месецот беше остварена средба помеѓу Претседателот на ССМ, Димовски и Генералниот Директор, Ѓорѓиев на која беше договорено и ССМ да се заложи и вклучи за потребата од финансиска поддршка на претпријатието согласно донесените Одлуки, се со цел навремено сервисирање на платите на работниците чиј број  потсетуваме изнесува повеќе од 2.247.

Ваквите заложби на ССМ  и Раководството на ЈП Национални шуми, дадоа резултат со добивање на финансиски средства обезбедени од Владата и истите се за редовна исплата на платата на вработените.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.