Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СООПШТЕНИЕ ОД СГИП

Сакаме да ја информираме целата Македонска јавност како и институциите на системот за случувањата помеѓу синдикатот и менаџментот на компанијата Мермерен комбинат АД Прилеп. Имено, на повеќе наврати се спречува комуникација помеѓу претставниците на синдикатот и вработените. Сакаме да потсетиме дека согласно Конвенцијата 87 на МОТ, Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор како и Колективниот договор на ниво на компанија во Мермерен комбинат, имаме загарантирано право на непречена комуникација која задолжително треба да се овозможи од страна на работодавачот. Нажалост ова е спречено од страна на менаџментот во една компанија која е високо профитабилна и со странски капитал но уште повеќе активностите се спречуваат од домашниот менаџер. Исто така потсетуваме дека синдикатот овие посети ги бара со цел да ги дознае моменталните случувања на вработените, нивните барања во однос со правата од работен однос, поголеми плати и надоместоци, услови за работа, безбедност и здравје при работа, бенефициран стаж кој нажалост не го добиваат од 2013-та година и се што е поврзано со работниците и нивното информирање и консултирање.

Ова како претставници на синдикатот ни дава сомнеж дека работите не се онакви какви што ги претставува работодавачот па постои страв од синдикатот изворно да ги слушне вработените кои со собрани 200 потписи се обратија до синдикатот. Што се однесува до Трудовиот инспекторат од Прилеп, исто така постапува како да ги заштитува работодавачите, а не вработените. Не сакаа да констатираат прекршок во текот на нашата посета туку остварија индивидуална средба со директорката. Потсетуваме дека нема да запреме до крајната инстанца во нашата Држава да ја исправиме оваа неправда спрема вработените во Мермерен комбинат АД Прилеп и ги охрабруваме да останат со синдикатот за надминување на сите прашања и проблеми кои се провлекуваат овие неколку години. Апелираме да бидат истрајни во барањата кои ќе ги надминеме ако треба повторно и по судски пат, бидејќи имаме повторно преставка до Државен инспекторат за труд – Скопје каде бараме да се постапи согласно Закон и да се  донесе Решение со кое ќе се констатира прекршок за горенаведените барања, да се изрече санкција и да  се задолжи работодавачот да ги отстрани неправилностите при работењето.

1. Видео од интервју

СГИП, 28.11.2019 ГОДИНА

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.