Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК НА ФОКУС ГРУПИ ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА АЛАЛИЗА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ССМ

Слики.1 Учесници на настанот.

Денес, во рамките на Проектот за "Зајакнување на социјалниот дијалог", во ССМ, се одржува состанок на Фокус групи составени од Претседатели на Синдикални организации од Синдикатите здружени во ССМ и членови на синдикатите кој е во насока на изработка на Анализа за потребата за услуги на ССМ.

Анализата за потребата за услуги на ССМ ќе ја прикаже целосната и објективната слика за ССМ и начинот на кој различните чинители (а пред сé непосредното членство и раководните структури) го перцепираат синдикатот. 

Резултатите од истражувањето ќе го утврдат степенот на задоволство на членовите на ССМ од постоечките услуги кои ги нуди синдикатот и ќе ја прикажат потребата на членството од воведување на нови услуги.

Истражувањата во голем број Европски земји, покажуваат директна поврзаност помеѓу квалитетот и квантитетот на услугите и бенефициите кои ги нудат Синдикатите и зголемувањето на нивното членство и проширувањето на нивната синдикална мрежа.

Оттука, главната функција на оваа Анализа е да придонесе во зајакнувањето на капацитетите на ССМ.

Силен ССМ = Силни Работници!!!

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.