Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК ПОМЕЃУ ССМ И МТСП ЗА ОКД ЈАВЕН СЕКТОР

Во Сојузот на синдикатите на Македонија, се одржа првиот состанок помеѓу членовите од ССМ и МТСП кои се дел од работната група за подготовка на Општ колективен договор за јавен сектор.

На состанокот беше договорена динамиката и временската рамка  по која ќе бидат водени преговорите Општ колективен договор за јавен сектор.

Формирањето на работна група за подготовка на Општ колективен договор за јавен сектор е на барање на Сојузот на синдикатите на Македонија, а согласно дискусијата и Заклучокот на 49 седница на ЕСС поради тоа што од 2012 година до денес нема водено никакви преговори за склучување на нов ОКД за јавен сектор, 

Сојузот на синдикатите на Македонија има изготвено и свој предлог текст на Општ колективен договор за јавен сектор кој ќе биде доставен до работната група.

ССМ е единствениот репрезентативен синдикат во јавен, приватен сектор и на ниво на територија и единствен заштитник на работничките права кој континуирано и посветно работи на нивно подобрување и унапредување.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.