Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК ПОМЕЃУ ССМ И ОРМ ЗА НОВ ОКД ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР

Во петокот, на 25-ти Јануари 2019 година, во просториите на Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), се оддржа првиот состанок на преговарачките тимови на ССМ и ОРМ, на кои се разгледуваше предлог текстот на нов Општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството изготвен и усвоен  од страна на Претседателството на ССМ во кој се содржани предлози од синдикатите здружени во ССМ, исклучиво во насока на унапредување на правата од работен однос на работниците во приватниот сектор и нивно приближување до европските стандарди.

На состанокот преговарачките тимови ги усогласуваа  ставовите на двата социјални партнери во однос на креирање и усогласување на Нов општ колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството (ОКД).

На состанокот, пред се, беше истакната добрата волја и посветеноста од страна на двата социјални партнери за отпочнување на овој многу значаен процес за работниците во приватниот сектор, со кој се регулира битен сегмент од социо-економската сфера на национално ниво.

Се очекува процесот да продолжи во следните седмици, со закажување на следен состанок на преговарачките тимови на ССМ и ОРМ

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.