Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК СО ЕКСПЕРТСКА МИСИЈА ЗА ХАРМОНИЗАЦИЈА НА ЗРО

Денес, во просториите на Министерството за труд и социјална политика, Социјалните партнери, заедно со членовите на експертската мисија за хармонизација на Законот за работните односи, на работилница која ќе трае до 26 јули 2019 година ќе дискутираат по текстот на нов Закон за работните односи.

На работилницата, од страна на ССМ учествуваат, Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на АГРО синдикат, Живко Даневски и Лиле Петрова, Советник за работни односи и истите ќе ги презентираат ставовите од органите и телата на ССМ по однос на текстот на нов ЗРО кој беше изготвен од страна на ССМ и доставен до МТСП.

На работилницата учествуваат и  претставници од МТСП и ОРМ како и  Ms Eglė Radišauskienė, Заменик министер Министерство за труд и социјална заштита, Литванија и Ms Aušra Bagdonaitė,Раководител на сектор за трипартитна координација, Министерство за труд и социјална заштита, Литванија.

Целта на работилницата е да се направи детална проценка на нацрт-законот за работни односи. Експертите ќе дадат совети и препораки за нивото на усогласување со законодавството на ЕУ за работничките права и неопходните чекори што треба да се преземат во овој поглед. Експертите исто така ќе дадат насоки и совети за тоа кои понатамошни законодавни мерки треба да се преземат за да се намали ригидноста на пазарот на трудот и да се зголеми флексибилноста при вработување.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2019 | Сите права се задржани.