Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СОСТАНОК СО МИСИЈА НА ММФ

Денес, во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа средба помеѓу ССМ и Мисија на ММФ.

Слика 1. Учесници на средбата

На средбата од страна на ССМ присуствуваа Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, Претседателот на АГРО Синдикат, Живко Даневски, Шефот на кабинет, Слободан Трендафилов и Советникот за  организација,  развој и синдикална едукација, Катерина Поповска.

Тимот на Мисијата на ММФ беше составен од : Bergljot Bjornson Barkbu, шеф на мисија, Stephanie Eble, висок резидентен претставник на ММФ за Западен Банлакан и шеф на Канцеларијата на ММФ во Скопје, Jean-Guillaume Poulain, член на мисијата, Li Lin, член на мисијата, Mizuho Kida, член на мисијата, Louise Rabier, член на мисијата, Shahane Harutyun Harutyunyan, советник на извршен директор во ММФ и Ѓорѓи Нацевски, економист во Канцеларијата на ММФ во Скопје.

Теми на разговор беа работните односи и социјалниот дијалог, ставовите на ССМ за минимална плата, политики за активирање на трудот и даноците на плата.

Претставниците на ССМ ги запознаа членовите на тимот на Мисијата на ММФ со активностите кои ги превзема ССМ за секоја тема од разговорот како и за идните заложби на ССМ за заштита и унапредување на правата на работниците.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.