Состав на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија:
Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на РМ (СУТКОЗ)
Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ)
Синдикат на индустрија, енергетика и рударство на Македонија (СИЕР)
Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат)
Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП)
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ
Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ)
Самостојниот синдикат на работниците од електростопанството на Македонија(ССЕСМ)
Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ (СРСВМ)
Синдикатот на хемија, неметали и метали на РМ (СХНМ)
Македонскиот полициски синдикат (МПС)
Синдикатот на поштенските и телекомуникациските работници на Македонија (СПТРМ)
Синдикатот на графичката, информативната, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на РМ (ГИФИХ)
Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ)
Синдикатот на работниците од трговијата на РМ (СРТ)
Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ)
Сојузот на синдикатите на Македонија и претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ.
Советот на ССМ е највисок орган на ССМ меѓу два конгреса.
Советот го сочинуваат членови избрани од синдикатите, а Конгресот ги верифицира нивните мандати. Измени на членовите на Советот вршат органите на синдикатите согласно нивните акти.
Претседателот на ССМ по функција е член на Советот.
Секретарот на Советот на ССМ по функција е член на Советот
Членовите на Претседателството учествуваат задолжително во работата на Советот.
Бројот на членовите на Советот го утврдува Советот врз основа на членарината што синдикатите редовно ја уплаќаат во ССМ во текот на меѓуконгресниот период и врз таа основа на бројот на членовите на синдикатите што ги имаат пријавено во Советот на ССМ и во Министерството за труд и социјална политика на РМ, до денот на донесувањето на одлуките за бројот, составот и начинот на изборот на органите на ССМ.
Секој синдикат има право на еден член во Советот, како и дополнителен број на членови согласно претходниот став.
Функции на Советот:
Советот може да формира совети, комисии и други тела за одделени области и активности.
Во работата на Советот учествуваат и претседателот на Секцијата на жени и Секција на млади, без право на глас.
За остварување на функциите за кои е надлежен, Советот е одговорен пред Конгресот.
Советот работи на седници.
Одлуките, ставовите и заклучоците кои ги носи Советот на ССМ се носат врз основа на ставовите од синдикатите пренесени - застапувани од членовите на соодветниот Синдикат во Советот на ССМ.