Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СПРЕЧЕНИ НОВИТЕ КРИМИНАЛНИ АКТИВНОСТИ И ФАЛСИФИКАТИ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ СИНДИКАТИ

СПРЕЧЕНИ НОВИТЕ КРИМИНАЛНИ АКТИВНОСТИ И ФАЛСИФИКАТИ НА ИСКЛУЧЕНИТЕ СИНДИКАТИ

5.5.2017

Четирите исклучени синдикати, СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО и СИЕР, доживувајќи дебакл на синдикален план и фијаско за Први мај, во обидите за насилна промена на легитимното раководство, спречени се во обидот преку фалсификувана жалба доставена пред Врховен суд од неовластено лице со фалсификуван печат и неовластено дадено полномоштво да извршат промена на раководството на ССМ.

Управниот суд на РМ во два предмети го потврди легитимитетот на претседателот на ССМ и избраното раководство и го потврди поништувањето на техничката министерка за промена на претседателот на ССМ, со што и од страна на судот беше потврден легитимитетот  на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и раководството на ССМ.

Неможејќи да се помират со ваквата одлука, на криминален начин лажно претставувајќи се во името на ССМ, со фалсификување на печат и неовластено и противзаконито полномоштво дадено на адвокатот Давидовиќ, преку овие фалсификувани документи, поднеле жалба до Врховен суд, лажно претставувајќи се во името на ССМ, доведувајќи го во заблуда и правосудниот систем и Врховниот суд, вршејќи повеќе кривични дела со барање претходно донесената одлука да се поништи.

За среќа, ваквиот обид е спречен, ССМ докажа дека нема поднесено никаква жалба по ваков предмет, нема дадено никакво полномоштво за понесување на ваква жалба, па оттаму, поднесени се кривични пријави против Дарко Димовски, адвокатот Давидовиќ за извршени повеќе кривични дела, фалсификување исправи лажно претставување и слично, а за овој скандал и криминал информирани се и претседателот на Врховен суд, претседателот на Републичкиот судски совет, претседателот на Управниот суд, а ќе биде доставено и барање до адвокатската комора за одземање на лиценцата на адвокатот Давидовиќ кој неовластено поднесувал жалби во име на ССМ.

И со овој чин се потврдува дека четирите исклучени и избркани синдикати од ССМ, наместо да работат синдикално, како што тоа го правеше ССМ, кој работно за Први мај ја извојува првата битка за зголемување на минималната плата од 20%, тие упорно ги застапуваат бизнис интересите според нас и пропартиските интереси, работејќи на штета на синдикалното движење во РМ, кои како очигледно синдикални пензионери и застапувачи на бизнис интересите, ја насочија оваа активност токму и во време кога ССМ ја бие битката за зголемување на стандардот на работиците во РМ, за зголемување на платите и подобрување на материјалната и социјалната сигурност.

По однос на овој настан, претседателот на ССМ одржа прес конференција која исто така ја приложуваме во прилог.

ОБЈАВА ЗА МЕДИУМИ

PRESS RELEASE

                       

ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСДЕТЕЛОТ НА ССМ

4.5.2017

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на прес- конференцијата

Почитувани претставници на средствата за информирање,

Дозволете во името на вистината и благовремената информација, да Ве информирам дека на денешната прес- конференција одржана по однос на Одлуката на Врховен суд, во однос на дејствијата кои се презентирани и одлуките кои се презентирани, истите се преземени и врз основа на кривични дела за кои претходно беше поведена постапка и која е во тек пред Обвинителството, а е поврзана со фалсификување на исправа и фалсификување на печати.

Воедно сакам да информирам дека ССМ веднаш по добиените сознанија, презентирани од адвокати и адвокатски канцеларии, кои сами себеси се претставиле како наводни претставници на ССМ, и во услови кога нема никакви промени во Централниот Регистар и легитимен претседател на ССМ, е претседателот Живко Митревски и во услови кога и оригиналните печати се во легитимен посед во ССМ и кај претседателот на ССМ, веднаш до надлежното ОЈО, до Републичкиот судски совет, до Врховниот суд и други надлежни институции, презедовме повеќе правни дејствија, со цел да се утврдат фактите и сите одлуки и дејствија преземени од наводниот и самонаречен застапник на ССМ, да се утврдат дали воопшто се легитимни и дали како е пријавено во дополнувањето на кривичната пријава, тие дејствија и одлуки се базираат на нелегитимни документи, нелегитимни полномоштва и употреба на фалсификувани печати кои некој ги употребил надвор од законот, претставувајќи се лажно како ополномоштен претставник на ССМ, доставувајќи жалба до Врховен суд со која се бара замислете ни помалку ни повеќе од ССМ бришење од Централниот регистар на претседателот на ССМ. Со ова дополнително се направени дополнителни кривични дела за кои сторителите дополнително се пријавени со проширување на кривичните пријави и со поднесување на мерки за обезбедување и притвор поради повеќекратното повторување на кривичните дела.

Напоменуваме дека точно поради фалсификуваните документи и фалсификувањето на печати и претходните постапки беа запрени и се предмет на работа на Обвинителството кое сѐ уште трае.

Бараме, како впрочем што бараат и сите во оваа држава, да се утврди ваквата вистина, да се утврди легитимитетот и доколку се утврдат кривичните дела, сторителите да бидат казнети, како и соучесниците, вклучително и самонаречените овластени претставници и застапници на ССМ, за што никогаш ниту добиле полномоштво да водат постапки, ниту пак тие документи се со оригинални печати.

Сојузот на синдикатите на Македонија, и јас лично како легитимен претставник, сметаме дека институционално треба да ги решат сите овие упади и водење на постапки со фалсификувани исправи, кои се надвор од законот, надвор од Статутот, надвор од меѓународната конвенција на трудот бр. 87 за слобода на синдикално организирање, а по утврдувањето на вината сторителите да бидат казнети.

Сакам да напоменам, дека и не случајно целокупната документација е сѐ уште во Јавното обвинителство, кое по наредба до Централен Регистар, а Централен регистар врз основа на овие сознанија, не дозволи менување на легитимно избраниот претседател на ССМ, д-р Живко Митревски.

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.