Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА НА ЕСС И ЛЕСС

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на средбата

Во рамките на Проектот: Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од ЕУ, спроведуван од МОТ и социјалните партнери, членовите на националниот економско- социјален совет (НЕСС) и локалните економско- социјални совети (ЛЕСС) имаа средба на 7 март 2017 година на која беа разгледувани повеќе прашања и анализи подготвени од експерти ангажирани од страна на Проектот.

На состанокот најнапред беше презентиранана анализата посветена на предлогот на ССМ за можноста за воспоставување на Фонд за унапредување на социјалниот дијалог во РМ, презентирана од проф. д-р Тодор Каламатиев и доц. д-р Александар Ристовски, образложена и од страна на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, а беа разгледани и студијата за проценка на македонскиот пензиски систем, следење на ефектите од минималната плата и ефектите од персоналниот данок на доход и придонесите од плата.

 По презентацијата на главните наоди од анализите, претставниците на националниот ЕСС и локалните ЕСС имаа свои видувања по однос на истите, кои ќе одат во прилог на натамошните дискусии околу евентуалните потреби за соодветно надградување на постоечката регулатива, која во перспектива ќе се разгледува на ниво на ЕСС помеѓу социјалните партнери.

Во рамките на истиот проект, на 8.3.2017 година беше реализирана и трипартитна работилница: „Презентација на техничките коментари и препораки од МОТ за Глава 18 и 19 од Законот за работни односи “. Моменталната состојба на националното законодавство и практика во однос на социјалното партнерство беше презентирано од страна на Стојан Трајанов, а техничките коментари и препораки, од страна на Кристина Михеш, виш специјалист во рамките на МОТ. Моменталната состојба и коментарите беа основа за водење на широки дискусии по однос на поставеност на националното работно законодавство по повеќе прашања, за што посебен осврт како член на ЕСС на РМ имаше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2017 | Сите права се задржани.