Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЕКС СО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА ССМ

На покана на Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, за прв пат од полноправното членство на ССМ во Европската конферерација на синдикати, Генералниот секретар Лука Висентини одржа состанок со Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и Претседателството на ССМ.

Слика 1. Генералниот секретар Лука Висентини,  Претседателот на ССМ, Дарко Димовски и  членови на Претседателството на ССМ.

На средбата присуствуваа и Специјалниот советник на МКС, Јап Винен, Специјалниот советник на ЕКС, Јозев Нимиц и Раководител на секторот за човечки ресурси, Синеад Тиернен.

Слика 2.Специјалниот советник на МКС, Јап Винен, Специјалниот советник на ЕКС, Јозев Нимиц и Раководителот на секторот за човечки ресурси, Синеад Тиернен

На состанокот, Генералниот секретар на ЕКС и Советниците беа информирани за тековните активности на Сојузот на синдикатите на Македонија за донесување на нов Закон за работните односи, состојбата со Колективното преговарање и Социјалниот дијалог, активностите на ССМ за зголемување на минималната плата како и за активностите кои ги спроведуваат синдикатите здружени во ССМ за заштита и унапредување на работничките права.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, истакна дека соработката со Европската и Светската конфедерација на синдикати е од исклучителна важност за ССМ и ваквата поддршка е показател дека сме на правиот пат. 

Присуството на високите претставници на ИТУЦ и ЕТУЦ и поддршката во нашите заложби се од исклучително значење за сите синдикати, да истраеме во нашите активности за унапредување на работно правното законодавство.

Силата на синдикатите е во нивната бројност, обученост, оспособеност, но и во нивната солидарност, поддршка и заедничко делување не само во сопствените држави туку и на глобален план.

Претседателот, Димовски истакна дека само така здружени можеме да ја постигнеме нашата заедничка цел во  остварување и заштита на достоинството и човечките вредности.

3.Специјалниот советник на МКС, Јап Винен, Генералниот секретар на ЕКС, Лука Висентини со Претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Генералниот секретар на ЕКС, Лука Висентини искажа задоволство за можноста  да бидат во Скопје и да покажат солидарност на Синдикатите во Државата. Го поздрави социјалниот дијалогот кој е во тек, но во исто време препорача  да се задржат позитивните аспекти кои се дел од Законот и процесот да се искористи во насока да се зајакне социјалниот дијалог, да се унапреди процесот на колективно договарање и да се пополнат празнините кои се уште постојат во Законот за работните осноси со Европските директиви и Конвенциите на МОТ.

Исто така Генералниот секретар на ЕКС изрази задоволство од конструктивниот работен состанок со членовите на Претседателството на ССМ, потенцирајќи дека Европската конфедерација на синдикати и во иднина стои на располагање доколку тоа е потребно.

 

 

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.