Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА на Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Генералниот Директор на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Генералниот Директор на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев, денес остварија средба на која се дискутираше за состојбата во јавното претпријатие поврзана со Корона вирусот COVID – 19  и предизвиците со кои се соочуваат работниците и раководството во ова Јавно претпријатие.

Во изминатиот пеприод Претседателот на ССМ и Генералниот Директор беа во постојана комуникација се со цел исплата на платат на вработените која на обострано задоволство со сериозни напори од страна на раководството на претпријатието е исплатена вчера на 1.6.2020 година, а се прават заеднички напори до 15.06.2020 година да биде исплатена и платата за месец мај со што во целост ќе бидат надминати предизвиците за навремена исплата на платата на вработените.

На средбата Генералниот Директор, Зоран Ѓорѓиев информираше дека претпријатието се соочува со сериозни предизвици поради тоа што наплатата и продажбата  во месец март и април поради здравствената криза е намалена за 100%, но и покрај тоа во изминатиот период нема намалување на бројот на вработените во ЈП Национални шуми кој изнесува повеќе од 2.247 работници.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека голем број на работници се обраќаат директно во ССМ за заштита на нивните права поради не активноста на Претседателот на СШДЕ каде што членуваат и каде што во изминатиот период по нивно кажување никој не се залага за заштита на нивните права.  Со оглед на тоа што Претседателот на СШДЕ не е способен да ги заштити вработените во шуми, а правата на работниците се поважни од личните интереси, ССМ на барање на вработените директно се вклучи за заштита права на овие вработени и истото ќе го прави и во иднина се додека работниците имаат потреба од помош и заштита од ССМ.

Истовремено, Сојузот на синдикатите на Македонија ќе упати и посебно барање до надлежните институции и Владата, за потребата од финансиска поддршка на претпријатието согласно донесените Одлуки, се со цел навремено сервисирање на платите на работниците чиј број  потсетуваме изнесува повеќе од 2.247.

Претседателот на ССМ  Дарко Димовски и Генералниот Директор на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев се согласија дека здравствената криза не смее да премине во економска криза која ќе се надминува на грбот на работниците, а за што во наредниот период заеднички ќе дејствуваат.

Слика 1. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Генералниот Директор на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.