Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Средба на претседателот на ССМ Димовски со премиерот Заев и со пожарникарите

Преку социјален дијалог до начини за исплата на платите и додатоците на пожарникарите.

Дарко Димовски, претседател на ССМ, Слободан Трендафилов, Шеф на кабинет како и Тони Бошковски, претседател и Боби Вељановски секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија, вечерва одржаа онлајн средба со Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, претседателот за ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и советникот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ.

На состанокот се разгледаа и се дискутираше за можностите за решавање на прашањето со исплатата на платите на пожарникарите и на додатоците за плати, согласно постоечките законски можности на краток рок почнувајки од месец ноември, како и за системско уредување на прашањето на среден и на долг рок, преку потребните законски измени што треба да се донесат преку Парламентот, кои потоа ќе се доуредат и со Колективен договор.

Од сите страни беше покажана желба и волја за изнаоѓање прифатливо решение, преку компромисен договор за можните начини со коишто ќе биде овозможена исплатата на платите и додатоците на плата на пожарникарите, со оглед дека за нив постојат издвоени пари од Буџетот.

Заеднички е констатирано дека денешниот продуктивен состанок покажува дека социјален дијалог постои и дека тоа отвора простор во следните неколку дена да биде изнајдено прифатливо решение за сите, при што пожарникарите ќе можат да ја земат платата заедно со додатоците на плата.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија кој функционира во рамките на синдикат во ССМ, активно работат на враќање и зачувување на достоинството на службата Пожарникар преку вреднување и плаќање на трудот кој овие работници несебично го вложуваат и го ризикуваат сопствениот живот за сите нас.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.