Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

СРЕДБА НА СГИП СО ГEНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА BWI

Врз основа на соработката на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на РМ - СГИП со Светската организација за градежништво и дрвна индустрија – BWI се одржа средба на Претседателот на СГИП – Павел Трендафилов, Заменик Претседателот на СГИП – Иван Пешевски со Генералниот Секретар на BWI, Г-дин Ambet Yuson, Секретарот за образование на BWI, Г-дин Jasmin Redzepovic и Директорот за шумарство и дрвна индустрија за Европа на BWI, Г-дин Coen Van Deer Veer. Претставниците на СГИП дискутираа за севкупните активности на национално ниво, но и заедничките активности со BWI кои во континуитет се спроведуваат секоја година. Врз основа на активностите кои ги спроведува СГИП преку Секцијата на жени кои секоја година се организираат со над 100 членки-учеснички, водените разговори помеѓу  Претседателот на СГИП и Генералниот Секретар на BWI, доведоа да оваа недела во “Хотел Парк” - Скопје се одржува и Светска конференција за жени-лидерки со над 50 жени од 25 различни земји од сите континенти на која СГИП учествува со претставнички од органите и телата.

Ова е само дел од активностите на СГИП со кои продолжуваме да делуваме покрај на национално и на меѓународно ниво.

Слика 1. Претседателот на СГИП и Заменик Претседателот на СГИП со претставниците од BWI

Слика 2. Членки на СГИП, учеснички на конференција во Охрид- 16-17.03.2019та година со поддршка на СО ГД Гранит АД Скопје

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2024 | Сите права се задржани.