На средбата од ССМ, присуствуваа Потпретседателот на Советот на ССМ за јавен сектор - Д-р Марјан Кицев и Катерина Поповска, Советник за организација, развој и синдикална едукација, а на истата се дискутираше за продолжување на процесот на подготовка на Законот за работните односи.
Сојузот на синдикатите на Македонија е единствен социјален партнер кој во името на работниците изготви и достави свој предлог текст на Законот за работните односи.
Од страна на претставниците на ССМ уште еднаш беше укажано дека новиот Закон за работните односи треба да ги содржи европските и светските тенденции во работно правните односи.
По таа насока како ССМ, се залагаме за:
-договори за вработување на определено време само во исклучителни објективни услови и со траење до 1 година
-38 часовна работна недела,
-породилно отсуство во траење од 12 месеци,
-доследно почитување на правото за уредување на плата со закон и КД
-целосно остварување на правото на годишен одмор
-сабота и недела денови на неделен одмор
-унапредување на здравите и безбедни услови за работа во компаниите.
-почитување на конвенциите за слобода на синдикално организирање и функционирање
-Работодавачот да биде должен да ги отпочне преговорите во рок од 30 дена од доставен присмен предлог на Колективен договор на ниво на работодавач од страна на синдикатот.
-унапредување на колективното договарање ( потпишување на ОКД за приватен сектор и за јавен сектор) и социјалниот дијалог на сите нивоа затоа што не може да се одлучува за нашите права без нас.