Стани дел од синдикатот и направи
значајна промена.

Средба на ССМ со работниците и раководството од Баргала Штип

Рано утринава, по дојава од членовите на синдикатот СТКЧ при ССМ дека вработените спонтано се собираат пред вратите на АД Баргала од Штип, во револт поради неколку неисплатени плати и дека истите нема да отидат на своите работни места се додека не се најде решение за исплата на заостанатите плати, на барање на работниците во АД Баргала од Штип, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и Претседателот на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ), Љупчо Радовски, остварија средба со Директорот на АД Баргала од Штип, Наум Барзов и работниците.

Од страна на работниците, ССМ и СТКЧ беа информирани дека каснат платите во фабриката за чевли што беше причина и тема за денешната средба.
Од страна на синдикатот му беше препорачано на раководството за можноста да побара финансиска поддршка доколку се соочува со потешкотии при исплата на платите на работниците, согласно Уредбата за финансиска поддршка на работодавачите погодени од економската криза поредизвикана од КОВИД – 19, заради исплата на платите за месец април и мај 2020 година.

На средбата со раководството и вработените во АД Баргала беше договорено неисплатените плати да бидат исплатени согласно утврдената и договорена динамика и платата за месец февруари 2020 година да биде исплатена до 8 мај 2020 година во целост, додека платите за месец март до 20 мај, април до 8 јуни и мај до 20 јуни во висина од 80% согласно член 18, ст.1 и ст3 од Општиот колективен договор за приватниот сектор, по што разликата од помалку исплатена плата во висина од 20% месечно ќе започне да се враќа со платата за месец август 2020 година.

Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со синдикатите кои се членки на ССМ како што тоа е Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ), секогаш ќе реагира по доставени информации од страна на работници за прекршување на нивните права од работен однос и секогаш ќе овозможи секаква помош и ќе ги поддржи работниците за остварување на нивните загарантирани права согласно Законите и Колективните договори.

Уште еднаш се потврдува потребата од синдикално организирање и Колективни договори особено во овие сложени услови во кои се наоѓаме сите заедно.

Дизајнот на веб-страницата е поддржан од Унапредување на социјалниот дијалог
Проектот го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Сојуз на Синдикатите на Македонија © 2020 | Сите права се задржани.